Најмногу дожд наврна во Лазарополе, 5 литри на метар квадратен

Скопје, 2 мај 2016 (МИА) - Најмногу дожд во последните девет часа, до 16 часот, наврна во Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Лазарополе е наврнат воден талог од пет литри на метар квадратен, следува Маврово со три, Виница, Претор, Битола, Тетово и Охрид со два и Струмица со еден литар на метар квадратен.

До крајот на денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Доцна попладне ќе има пообилни врнежи во западните, а во ноќните часови во источните делови, каде се очекува локално да наврнат околу 50 литри на метар квадратен.

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет. До крајот на денот врнежите речиси секаде ќе престанат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. 

И в среда ќе се задржи променливо облачно, ветеровито и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. В четврток ќе има делумно стабилизирање на времето, а од петок ќе биде малку потопло со локален краткотраен дожд и ретки грмежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...