Почнува 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“

Битола, 4 мај 2016 (МИА) - Со изведба на „Животот е прекрасен“ на режисерот Александар Морфов, најновата претстава на Македонскиот народен театар, вечер во Центарот за култура-Битола ќе биде отворен 18. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“.

До 10 мај НУ Центар за култура-Битола ќе биде домаќин на актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија, кои ќе изведат 17 монодрамски остварувања, од нив 13 во конкуренција, а четири се придружен дел на фестивалската програма.

- Фестивалот годинава го постигнува своето полнолетство, тој е квалитетен и со соодветен квантитет во однос на бројот на претставите, а дел од апликантите моравме да ги отфрлиме. На програмата ќе има кабаретски претстави, мономјузикл, моноопера и друга понуда. Голем е интересот на македонските актери и режисери, а ќе бидат застапени и монодрами кои ги потпишале познати светски класици, како Буковски, Твен, Достоевски, Гогољ, Дарио Фо и други, истакна Петар Мирчевски, селектор на фестивалот.

За наградите ќе конкуририраат актерите: Мирјана Вукојчиќ од Србија, Димитри Орготска од Албанија, Јоланта Поденојте од Литванија, Бремнер Дути од САД, Вилим Матула од Хрватска, Татјана Хазановскаја од Израел, Нора Бадалијан од Ерменија, Озрен Гранариќ од Хрватска, Ана Батева од Бугарија, како и македонските актери Трајче Јованов, Никола Тодороски, Мите Грозданов и Ивана Атанасова.

Меѓународното жири ќе го предводи Петар Темелковски, во кое ќе членуваат Билјана Крајчевска и Братислав Димитров од Македонија, Нина Мазур од Украина и Иван Лео Лемо од Хрватска.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“ е поддржан од Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...