Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Кире Наумов

Скопје, 4 мај 2016 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов и СДСМ се обидуваат да ја манипулираат јавноста изнесувајќи невистинити факти за зголемување на каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност, а целта е да создадат незадоволство и паника, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Наумов. 

 - Каматната стапка на тримесечните државни хартии од вредност со девизна клаузула е намалена во проспектот кој денеска е објавен. Така, ако на последната аукција на која беа издадени тримесечни ДХВ со девизна клаузула во март 2013 каматната стапка беше 3,60 проценти, сега е 1,50 проценти. Според ова сосема е јасно кој сака да долева масло во зејтинот и кој сака да создаде вештачка криза. Кире Наумов и СДСМ постојано се обидуваат да создадат паника, но во тоа нема да успеат, соопшти владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Македонија во моментов е меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа, а дека вчера излезе и пролетната прогноза на ЕК според која Македонија во 2016 и 2017 ќе забележи економски раст од 3,5 проценти и заедно со Ирска, Романија, Малта и со Полска, ќе го има најдобриот резултат во ЕУ, каде просекот е поставен на 1,8 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...