Завршуваат активностите за непосредна заштита на црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран

Скопје, 6 мај 2016 (МИА) - До крајот на годинава ќе биде целосно завршена непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која со финансиска поддршка од Министерството за култура ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица.

Црквата, која е значајно културно наследство од 19 век, ќе биде целосно обновена на стогодишнината од нејзиното бомбардирање во Првата светска војна кога претрпела сериозни оштетувања и потоа била надвор од употреба.

Министерството за култура соопшти дека неславниот јубилеј ќе биде одбележан со преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.

- Со првата фаза од активностите беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури. Третата фаза подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, а се одвиваа реставраторско-санациски работи на внатрешните ѕидови од објектот, оформување на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и на скалишниот простор од нартексот, информира Министерството за култура.

Во тек се завршните активности за конзерваторски истражувања и конзерваторско-реставраторските работи на внатрешните ѕидови.

Црквата „Свети Илија“ во Дојран е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...