Кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата единствена потврдена од ДИК

Скопје, 15 мај 2016 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно одлучи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери да го добие редниот број 1 на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори на 5 јуни.

Како што рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски, по оваа точка е беспредметно да се расправа зашто кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е единствена потврдена од Комисијата.

Со истото образложение, Чичаковски истакна дека е беспредметна и жрепката за распределба локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди, по што сите членови на ДИК гласаа „за“, односно потврдија да нема жрепка.

По гласањето, реагираа членовите на ДУИ Субхи Јакупи и на СДСМ, Виолета Дума, и Игор Милев.

Според Јакупи, досега во македонскиот плурализам не се случило на избори да биде поднесена само една листа поради што ДИК, на работен состанок, треба да поразговара, дали има уставна поткрепа за вакво нешто. И Дума нагласи дека ДИК треба да размисли каква ќе биде ситуацијата со оглед дека е утврдена само една листа, додека за Милев, во ваков случај, граѓаните на Македонија практично ќе немаат избор. 

- Првпат во Македонија ќе се оди на избори со една листа. На граѓаните, согласно Уставот и темелните вредности, треба да им се овозможи слободно да избираат. Во моментов, имаат само една листа што значи дека немаат избор, рече Милев и предложи, утре ДИК да одржи работен состанок за оваа тема, како и јавна седница, но и да се информира Собранието на РМ за новонастанатата ситуација зашто тоа распишува избори.

Став искажа и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ која нагласи дека на потврдената листа не се наоѓа само една партија, туку се вкупно 21, а секоја партија и секој граѓанин, нагласи, согласно Уставот, има право самостојно да одлучи дали ќе учествува, односно ќе бира избори. 

Бонева забележа и дека ова не е првпат во Македонија да има избори со само една листа. 

- Во Македонија имаше избори не со една коалиција од 21 партија, туку со само еден кандидат, од една партија. ДИК треба да ги има предвид Уставот на РМ, неговите телени вредности и особено основните слободи и права на граѓаните дефинирани со членот 20 кој, меѓу другото, им гарантира и слободно здружување, што подразбира и здружување во политички партии. Ако се гарантира слободата на здружување во политички партии, му се гарантира на гараѓнинот и слободно да избира и да биде избран. Кога ќе се распишат слободни избори, слободна волја е на политичките партии да одлучат дали ќе учествуваат или не на тие избори и никој никого не може да присили да учествува или да му го одземе тоа право, потенцира Бонева.

Според неа, воопшто не е потребно ДИК да се навраќа на ова прашање зашто Комисијата не е таа што може да одзема права, туку треба да спроведува избори согласно Уставот на РМ, уште повеќе што, повтори, не се работи за една политичка партија, туку за 21.

И една партија да се кандидирала, додаде, слободна волја и оценка на граѓаните и партијата е, дали ќе одат, односно ќе бираат на избори. 

Државната изборна комисија претходно, едногласно го прифати предлогот на стручните служби на ДИК да се отфрлат поднесените кандидатски листи на Народното движење за Македонија (НДМ) поради констатирани неправилности. Исто така, со седум гласови „за“ и ниту еден „против“, беа отфрлени кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ), на нејзино барање.

За утре е договорено, доколку се закаже седница, на дневен ред да се стави и предлогот на Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, за пополнување на дел од Општинските изборни комисии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек доаѓа во едно село, среќава двајца селани на сред село и му се обраќа на едниот.
- Каде е кметот?
- Сее!
- Сее? Сред зима?
На тоа се надвоврзува другиот селанец:
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...