Арсовска Томовска на меѓународната конференција „Паметни Влади и Паметни градови“

Скопје, 23 мај 2016 (МИА) - Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска изминатиов викенд присуствуваше на меѓународната конференција „Паметни Влади и Паметни градови” која се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Целта на конференцијата, како што се наведува, била размена на искуства за стратегии и проекти поврзани со современите концепти на електронско работење на јавните институции, односно како користењето на информациско-комуникациските технологии може да ги унапреди услугите кои ги обезбедуваат властите на централно и локално ниво кон граѓаните и бизнис секторот.

Конференцијата ја отвориле министерката Арсовска Томовска и словенечкиот вицепремиер и министер за јавна администрација, Борис Копривникар.

Арсовска Томовска во своето воведно излагање, како што соопшти МИОА, ги презентирала стратешките приоритети, како и реализираните и планираните проекти во Република Македонија поврзани со електронското работење на јавните институции и тоа проектот интероперабилност, е-влада, е-здравство, е-набавки, е-даноци, е-катастар, е-царина, е-регистрација на фирми и други е-проекти.

Присутните, како што стои, го поздравиле напредокот на Република Македонија во оваа област и покажале интерес за продлабочување на соработката преку размена на материјали и реализација на студиски посети со цел подетално запознавање со реализираните проекти.

Државната компанија Алровадс, која ги имплементира државните ИКТ проекти на Владата на Обединетите Арапски Емирати покажале особен интерес за проектите Мој термин и е-набавки и била договорена тесна соработка во следниот период.

На маргините на конференцијата, соопшти МИОА, Арсовска-Томовска одржала работен состанок со Самиа Мелем од Светска банка од Вашингтон, за плановите на Република Македонија во однос на развојот на информатичкото општество и поддршката која Светската Банка ќе ја обезбеди на ова поле во следниот период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...