Груевски: СДСМ продолжува со подмолни лаги и манипулации

Скопје, 23 мај 2016 (МИА) - Во немоќ да ме победат на чесен и достоинствен начин на избори, СДСМ продолжуваат со подмолни обиди, лаги и манипулации да создадат мислење за мене дека нешто сум манипулирал со средствата прикажани во анкетниот лист, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во писмената реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Груевски уште еднаш демантира дека од 2014 до 2015 година месечно заработувал по 10 илјади евра и нагласува дека остварените приходи во последните години му се од платата и каматите од депозити од претходните години.  

- Во врска со вчерашната и денешната прес-конференција на Шилегов, од она што може да се види е дека Шилегов говори за анкетни листови од 2014 и 2015 година, а заборавил дека во 2015 воопшто немам поднесено анкетен лист бидејќи немаше избори во таа година. Анкетен лист имам поднесено во 2016 година. Значи друг пат кога сака да манипулира, треба барем технички да види кога се поднесуваат анкетни листови. Наместо со анкетни листови од 2014 и 2015, тој мавташе и ги споредуваше анакетните листови од 2008-ма и 2014-та, вели Груевски.

Со секој свој нов настап, додава Груевски во реакцијата, СДСМ секојдневно потврдува дека раководството на партијата нема капацитет за конструктивно работење во полза на народот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...