СВР Охрид: Лажна дојава за бомба во близина на училиште во Струга

Струга, 25 мај 2016 (МИА) – Стручни полициски тимови од анти-тероризам при СВР Охрид и полициски службеници од полициската станица во Струга по добиената дојава за бомба во близина на струшкото Основно училиште „Браќа Миладиновци“ констатираа дека нема експлозивна направа.

СВР Охрид соопшти дека немало експлозивна направа, која може да предизвика општа опасност поставена во патничко моторно возило во Струга на улицата „Јово Стефаноски Риле“.

- Во полициската станица во Струга, денеска во 9 часот и 30 минути добиена е информација дека во патнички автомобил марка „Нисан примера“ со бугарски регистарски ознаки, има направа која може да предизвика општа опасност. По добиената информација, полициски екипи ги презедоа сите безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде беше паркирано патничкото возило и извршија преглед врз него, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Директорот на училиштето Шелким Алиу информираше дека полициски службеници дошле во училиштето и кажале да се евакуираат учениците поради дојава за бомба во близина на училиштето, по што наставата била прекината.

- Дојдоа надлежните од МВР од Струга и ни рекоа без паника да ги евакуирате децата од задните врати. Ги евакуиравме без никаков проблем, изјави за МИА Алиу.

Редовната настава на учениците продолжила со втората смена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...