Старо-новата Влада да работи на итните реформски приоритети на ЕК

Брисел, 26 мај 2016 (МИА) - Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска го призна легитимитетот на ново-старата Влада на Република Македонија предводена од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и побара од нив да ги спроведуваат итните реформски приоритети на Европската комисија, како и обезбедување на заштита при работата на Специјалното обвинителство, јави дописникто на МИА од Брисел.


 
Во исто време, Хан посочи дека е се уште цел спроведување на брзи избори, што според него Владата и го нуди на македонската опозиција, а за таа цел, еврокомесарот предлага формирање на посебно тело од страна на меѓународната заедница кое ќе се позанимава со избирачкиот список со цел да нема сомнежи во него.
 
Во интервју за неколку новинари-дописници од балканскиот регион, меѓу кои и дописникот на МИА од Брисел, Хан најпрво порача дека е важно за Европската унија да има стабилност во блиското соседство. Тоа, според него се засилува со поддршка на земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ.
 
- Во Македонија мора да ја стабилизираме ситуацијата, а во другите земји имаме прогрес, иако секогаш има подеми и падови. Генерално, сликата е попозитивна, порача на почетокот Јоханес Хан.
           
Говорејќи конкретно за ситуацијата во Република Македонија, Хан истакна дека за ЕУ е одлучно какви се перформансите на земјата. Договорот од јуни и јули минатата година, според еврокомесарот се справувал со сет од прашања и за Брисел е важно во сите области за да се направат потребни реформи.
 
- Ова е сеопфатно и се наоѓа во итните реформски приоритети што лани ги издаде Еврокомисијата. Оваа старо-нова македонска Влада има обврска да работи на овие приоритети. Се надеваме дека сите политички партии ќе партиципират во Парламентот и ќе дискутираат. За нас е важно и ова е исход од договорот од Пржино. Како што е и тоа да имаме Специјално јавно обвинителство (СЈО)  што ќе се справува со скандалот со прислушувањете, истакна на почетокот Хан.
 
Повторно говорејќи за целиот Западен Балкан, еврокомесарот за преговори за проширување рече дека е важно „Владите на овие земји да испорачуваат и сите политички сили во земјите се обврзани на европската перспектива“. Во некои земји, според него - има лоши тенденции.
 
- Во некои земји опозицијата излегува со месеци од парламентот и тоа не е одржливо. Работата на владеењето на правото е работа на демократска созреаност. Потребни се политички дебати во парламентот, потребен е дијалог и размена на аргументи, не за нешто друго, туку за самите нив и затоа ургирам сите политички авторитети во регионот да дадат придонес, како и граѓанските општества да го одиграат својот дел на конструктивен начин. Тие се набљудувачи и треба да се посветат на понатамошен развој на земјата, посочи Хан.
 
 Еврокомесарот нема против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ што го дава на СДСМ, да се направи повторно техничка Влада на 100 дена пред изборите.
 
- Втор елемент и најнов развој е дека Владата и дава на опозицијата можност да побара кога сакаат да се има брзи избори. Лично јас го посредував договорот од Пржино кога постигнавме многу и единствено нешто што не е сторено се изборите. И по толкав период од нестабилнсот, мислам дека изборите се добар и последен камен-темелник. Тие одлучија поинаку што мора да се почитува. За нас, во однос на перформансите на земјата е важно како се справува со владеењето на правото и имплементацијата на итните реформски приоритети. Ова е што се однесува до нас и одлучувачкп е како ќе го оцениме развојот на земјата следните месеци, додаде Хан.
 
Не сакајќи ништо да предвидува, за што според него би било прерано, Хан ургираше до сите политички партии во земјата да се свесни за тоа што е загрозено, а тоа според него е евроатлантската перспектива на земјата и дека сега „е апсолутно во нивна одговорност да испорачаат“. Во тој контекст, тој го откри и неговиот предлог како може да се направи сите политички партии во земјата да веруваат во избирачкито список и да се спроведат изборите.
 
- Овде сме каде што сме и едно нешто каде јас повлекувам свој заклучок и мислам дека ни треба на европско ниво едно независно знаење и кредибилна структура што ќе се справува со оценката на гласачката листа и нејзиниот квалитет пред изборниот ден. Она што го видовме во БЈР Македонија е дискусија без крај за квалитетот на гласачката листа. Постојат ОДИХР и други кои оценуваат како изборите се спроведени, но ова се извештаи по изборите. Со цел да се избегне сета дускусија пред изборите, добро и потребно е според мене да се има меѓународна институција, прифатлива за сите, да ја провери гласачката листа пред изборите, па тогаш да може да се одржат неоспорени избори, предлага Јоханес Хан.
 
Во контекст на ова, комесарот на Европската комисија истакна дека ова прашање мора да биде дискутирано и дека е се уште во рана фаза.
 
- Ова е само мое лично мислење, а се справувам со ова прашање со месеци е тука ни треба нешто и како ова ќе биде направено во иднина е објект на дискусија со партнерите. Верувам дека ни треба институција што ќе се справува со ова прашање. Не постои во моментов одговорност за квалитетот на изборната листа, бидејќи за мене ниту една институција во државата не е доволна за тоа. Ни треба нешто и тоа нешто јас ќе го иницирам. Ова е нешто што јас како индивидуалец го барам, бидејќи навистина ни е потребно. Но, не можам да дадам одговор за тоа кое ниво и организација треба да го формира тоа тело, но ни треба структура на европско ниво што ќе се справи со ова прашање, а како последица на долготрајни дискусии, вели тој.
 
Јоханес Хан беше дециден дека во Македонија е многу важна работата на Специјалното обвинителство, па во тој контекст тој силно ја критикуваше одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да помилува голем број лица обвинители во скандалот со прислушувањето. Тој притоа го стави под знак прашалник и кредибилитетот на македонскиот претседател.
 
- Овој СЈО не само што постои, туку е и обврска од сите партии дека СЈО треба да работи независно и иако не е дел од договорот од Пржино, но е поврзано со улогата на СЈО, тоа е одлуката за помилување на претседателот Иванов кој помилува 54 лица. Ова е на начин што е прифатлив за нас. Кога Уставниот суд ја потврди легалноста на овој закон, имаше меѓународен притисок од нас врз Иванов да не ја користи оваа можност и со некои одложувања тој јавно рече дека нема тоа да го стори. Но, по само две-три недели тој помилува 54 лица и ова не беше придонес кон неговиот кредибилитет. Ова е негова одговорност. За нас е неодржливо да се има помилување. Во меѓувреме, Парламентот донесе закон давајќи две можности за индивидуалци да побараат да бидат одземени од листата или Иванов самиот да може да ја повлече целата листа со помилувани. Сега ќе видиме како тоа ќе се имплементира, вели Хан.
 
Еврокомесарот истакна и дека Европската унија „ќе го набљудува Специјалното обвинителство како успева и колку е независно во работата“. За Брисел, според него, не е прифатливо да има закани и ова ќе го набљудуваат, но дека, сепак, во моментов е важно за ЕУ да има разјаснување на Законот за помилување кој удри по работата на СЈО, бидејќи според Хан „како тоа ќе истражува случаи кога луѓето се помилувани“. - Тоа е смешно, пресече Јоханес Хан.
 
Коментирајќи ја изјавата на македонскиот претседател Иванов кој неодамна рече дека повторно ќе донесе одлука за помилување ако треба и како во таков случај СЈО би продолжило со работа и што тогаш би превзела Унијата, Хан беше дециден во одговорот:
 
- Ние не можеме со сила никого да натераме да направи нешто. Но, ќе влечеме заклучоци и консеквенци ако работите не се во линија со нашето разбирање на владеењето на правото и договорот што го направивме. Договорот од јуни и јули има точка за создавање на СЈО што ќе се справува со целиот скандал со прислушувањето. Тоа значи дека СЈО мора да може да работи. Консеквенци се дел од идните одлуки, не можам да ја предвидам реакцијата на меѓународната заедница. Но, ако помилувањето остане, ова ќе биде прекршување на договорот од јуни и јули. Сега има можност за индивидуалци да побараат повлекување од листата. Поранешниот премиер Груевски вети дека тој тоа ќе го стори. Не шпекулирам и квантификувам, ни треба акција, ова помилување не е само контрапродуктивно, туку и контра духот на договорот од јуни и јули - одговори Хан.
 
Во овој контекст, Јоханес Хан посочи дека за него договорот од Пржино е се уште со цврста основа за излез од политичката криза во Македонија и дека тоа што во моментов е повторно на сцена македонската Влада од пред кризата, тој го коментира на следнито начин:
 
- Во моментов е во ред како што е. Морам да додадам дека се согласувам со екс-премиерот Груевски и видовте тој не е повторно премиер, туку тој е само партиски лидер. Тој ми вети дека никој што е на листата на помилување дека нема да биде член на Владата и ова е според него придонес да се смалат тензиите. Но, сега уште еднаш, мора да видиме и оцениме како сето тоа ќе се имплементира и затоа договорот од јуни и јули од лани е се уште валиден. Сакаме да видиме и како ќе се имплементираат итните реформски приоритети на ЕК. Ова е сеопфатна листа од сите елементи и мерки што треба да се направат со цел да се има прогрес на патот кон Европа. Ова е линија за оценка за следниот извештај за прогрес, посочи Хан.
 
За тоа дали старо-новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ може да работи на реформската агенда во Македонија, Хан со одговор дека „политиката на Западниот Балкан вели дека треба да се верува во ништо, односно само да се земе предвид она што е реалност“.
 
- Она што ние бараме сега се разултати и затоа не сакам да шпекулирам. Превземана е одлуката, а двајцата од партиските лидери, Груевски и Заев се во контакт и ова е во принцип добро. Разговараат меѓу себе и за нас единствено што се смета е дека бараме јасни резултати. Да се работи за имплементацијата на договорот од Пржино, итните реформски приоритети и СЈО да се погрижат да си ја работи својата работа, истакна еврокомесарот за преговори за проширување.
 
Хан подвлече дека за ЕУ е неприфатливо да има избори ако СЈО не може да си ја рбаоти својата работа.
 
За тоа дали може да се очекува решавање на разликите што Грција ги има со Република Македонија околу уставното име на земјата, еврокомесарот со одговор дека тој повеќепати дискутирал со министерот за надворешни работи на Грција за ова прашање и дека успеал минатата година во Рига да договори прв состанок меѓу Коѕијас и македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски. Оттогаш, според Хан, двајцата министри одржале голем број состаноци.
 
- Има и некои први мерки за градење доверба меѓу двете змеји. Деновиве и ова беше потврдено од двете страни дека имаат добра сорбаотка за безбедносно прашање во врска со миграцискиот наплив. Тие работат добро и добро е ова ниво на градење на доверба со градење на мерки што успешно се постави и е надеж за иден развој на настаните. Во секој случај, далеку сме од договор. Скопје треба да ја заврши најпрво домашната работа и ако е ова случај, треба да најдеме начин да се посветиме на ова прашање за името што не ја задира само Грција, туку и Бугарија. Дискутираме, но во принцип, прерано е да каже дека ситуацијата напредува, но нешто веќе започна и важно е двете земји на официјално ниво да работат заедно во некои области, заврши Хан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...