Пратениците спорат за составот на Комисијата за Предлогот за импичмент на Иванов

Скопје, 27 мај 2016 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија се одржува седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на кoја треба да биде формирана Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.



За формирање на Комисијата се уште не се гласаше бидејќи за поднесувачите на Предлогот, спорен е предложениот состав од страна на претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Зоран Илиоски. Побарана е пауза од еден час.

Според предлогот на Илиоски, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во составот на Комисијата за оценување на основаноста треба да имаат шест членови, односно претседател и пет членови, двајца од ДУИ, двајца од СДСМ и еден од ДПА. За претседател на Комисијата е предложен Зоран Илиоски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески, смета дека неговата пратеничка група треба да има тројца пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ петмина, а не шест.

- Формирањето на оваа Комисија е уште еден обид да се спаси врхушката на ВМРО-ДПМНЕ. Лага е дека ВМРО-ДПМНЕ е против аболицијата. Малку ли е ова што го направи Иванов. Грубо го прекрши Уставот, рече Сугарески.

Во изјава за медиумите, пак, за време на едночасовната пауза, тој рече дека денес станало очигледно дека зад одлуката за аболиција стои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и врвот на партијата.

Илиоски, пак, го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека се против одлуката за аболиција, но дека сметаат оти претседателот Ѓорге Иванов не го прекршил Уставот и дека затоа нема да го поддржат предлогот на опозицијата. - Уставно право на претседателот е тоа да го направи. Право му даваат и тие 550 илјади граѓани што гласале за него, рече пратеникот Илиоски.

Потенцираше дека Комисијата во формирање не носи пресуда или заклучок дали треба да се гласа за импичмент или не. - Одлуката ја носи Собранието, рече Илиоски.

Одговарајќи на политичките квалификации кои беа искажани од опозицијата кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие не одговараат пред странски амбасадори и странски сметки туку пред македонскиот народ.  

Рафиз Алити од ДУИ рече дека тие даваат поддршка за Предлогот на опозицијата, но потсети дека ги повикале граѓаните да не гласаат за Иванов и токму тоа била причината за да размислат дали да го поддржат или не оваа одлука.

- Поддршка од ДУИ имате, и ние побаравме т.н. претседател да ја повлече одлуката за аболицијата, рече Алити.

Нашата земја, како што кажа, е во кал, но со одлуката на т.н. претседател е во жив песок.

- Потребно е двете партии од македонскиот блок да ни помогнат. Вака како што се случуваат работите сега, тие се повеќе ја оптоваруваат ситуацијата. Ние сакаме да бидеме на страна на Уставот, законот и во линија со меѓународната заедница. Аферите треба да се докажат на суд. Чекаме помош од македонските субјекти со цел земјата да излезе од овој жив кал, рече Алити.  

Ермира Мехмети, пак, во изјава за медиумите рече дека Иванов треба да се појави пред Собранието и да објасни, да образложи и доколку навистина верува во правичноста на одлуката за аболиција да ги убеди пратениците во тоа. Иванов, според неа, на директен начин бил предизвикувач на кризата која еруптирала со одлуката за аболиција.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски побара од опозициските пратеници да не осудуваат предвреме и да покажат демократски капацитет.

Имер Алиу од ДПА смета дека ДУИ со она што го сторила пред десет дена (барањето за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Парламентот) ги замрзнала разговорите меѓу четирите политички партии. - Ние ги поддржуваме ВМРО-ДПМНЕ да нема шест члена во Комисијата за да видите како ќе се однесува ДУИ, на кого ќе му служат, рече Алиу. Решението на оваа ситуација, според пратеникот на ДПА е итно враќање на маса на разговорите меѓу четирите политички партии, за сите прашања, вклучувајќи ја и аболицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...