Хан побара целосно повлекување на помилувањата

Еврокомесарот Јоханес Хан преку социјалната мрежа Twitter се огласи во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за помилување на 22 политички експонирани лица.

Според Хан, "одлуката на Претседателот Иванов да помилува само одреден број лица не е доволна" и потребно е "целосно решение за да се избегне селективната правда".

Преку социјалните медиуми, реакција упати и Aмериканската амбасада.

"Како што кажавме минатата недела, делумно или селективно повлекување на помилувањата го зголемува растечкото чувство на неказнивост во земјата и спречува Македонија да напредува кон своите најважни цели, вклучително и кон НАТО и Европската Унија. Македонија мора целосно да одговори на ова прашање", пишува американската амбасада.

Претседателот Иванов во петокот соопшти дека донел одлука да ги повлече помилувањата за 22 лица, додека останатите помилувани граѓани можат да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.
"Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот, ниту еден политичар не е недопирлив, напротив секој ќе одговара за своите постапки", изјави претседателот Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...