ФАЦ: Логично е на Македонија да и се одземе препораката

Берлин, 30 мај  2016 (МИА) - Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во анализа за состојбите за Македонија вели дека би било логично со оглед на проблемите што ги има земјата со корупцијата, правната држава и медиумите, да и се одземе препораката за почеток на преговори за членство во ЕУ добиена пред 7 години, јави дописникот на МИА од Берлин.
 
Според весникот, Македонија се соочува со низа проблеми, од внатрешна политичка криза, преку блокада на процесите на евроинтеграција од страна на Грција и запирање на напредокот во спроведување на реформите. За ФАЦ сите овие проблеми ја претвораат Македонија во земја во која што и да стори ЕУ ќе биде погрешно.


 
Во својата анализа „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ цитира изјава на лидерот на ДПА според кого Македонија проблемите со својот „имунолошки систем“ може да ги реши со влез во НАТО и надминување на етничкиот конфликт меѓу Македонците и Албанците.“ За да се решат сите проблеми за Тачи е доволно да се најде решение за спорот со Грција по што земјата би влегла во НАТО што може да ги смири Албанците кои нема да се плашат за своите права, а за Македонците ќе ја отстрани опасноста дека земјата може да се подели. За лидерот на ДПА причина за националистичката политика кај владата е грчката блокада во евроатланските интеграции по што „Македонците се обидуваат во 21 век да градат држава од 19 век која што Албанците не можат да ја прифатат“... Членството во НАТО е значајно и за поранешниот амбасадор и преговарач за името Никола Димитров кој смета дека со тоа земјата ќе добие на сигурност.
 
Во анализата се говори и за партијата ДУИ која што е на власт без прекин 15 години и која што во тој период изградила систем на клиентелизам кој е идентичен како оној на македонската страна. Според весникот, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема никаков интерес за надминување на системот на етничка поделба затоа што тоа му овозможува услови за учество во владата без разлика кој победува на изборите кај македонскиот ентитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...