Фатени рибокрадци и недозволен риболовен алат на Црн Дрим

Струга, 31 мај 2016 (МИА) – Повеќе од еден километар мрежи и недозволен риболовен алат, како и 12 рибокрадци затекнал концесионерот на риболовниот ревир во реката Црн Дрим 1, ЗРСК Пастрмка од Струга.

Како што соопшти денеска концесионерот, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, во акциите за заштита на рибите кои се мрестат бил нападнат и рибочувар на ЗРСК Пастрмка.

- Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и слично, затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против нив се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар при ЗРСК Пастрмка - Струга, за што реагираше и МВР и ќе биде побарана кривична одговорност за сторителот, информира концесионерот на риболовниот ревир во реката Црн Дрим 1.

Концесионерот најави дека во соработка со Инспекторатот ќе продолжи со реализација на акциите за спречување на рибокрадство и риболов во забрана за мрест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...