Почна дератизација и дезинсекција во Прилеп

Прилеп, 31 мај 2016 (МИА) - Прилепскиот Центар за јавно здравје ја почна годинашнава  дератизација и дезинсекција за заштита на населението од заразни заболувања што ги предизвикуваат глодарите и инсектите.
 
Епидемиологот Горан Кузески од Центарот за јавно здравје објаснува дека двата процеса ќе се изведуваат паралелно.
 
- Со дератизација ќе се третира канализациониот систем на градот со посебен акцент на објектите од јавен интерес: детските градинки, училиштата, здравствените установи и водоснабдителните објекти. Ќе се третираат 3.500 шахти и ќе бидат поставени 14.000 стапици. Паралелно ќе се спроведува и превентивната дезинсекција во два типа: едниот за уништување на ларвите на комарците во сите жаришта каде може да ги има, и тоа во водените површини, по течението на Градска Река, во областа „Маркова чешма“, вештачката акумулација и „Дабнички канал“. Вториот тип на дезинсекција е за уништување на возрасните комарци. Вкупно ќе се третираат 800 хектари. Дезинсекцијата е уште побитна зашто последниве години имаше зарази и тоа на западнонилска треска, опасност е и „зика“ вирусот, а вака превентивно се делува за да се заштити здравјето на населението, објаснува епидемиологот Кузески.
 
Градоначалникот Марјан Ристески уверува дека Прилеп е општина која многу посветува внимание на превентивната заштита на здравјето на населението.
 
- Во локалниот буџет за дератизација и дезинсекција секогаш имаме издвоено средства. Овој пат, за двата процеса се издвоени еден милион денари и градот ќе биде заштитен во наредниот период, вели Ристески.
 
Првата фаза на дератизацијата ќе трае до 20 јуни, а втората е наесен. Дезинсекцијата ќе се одвива во три фази. Првата завршува на 3 јуни в петок, а наредните две фази се во јули и август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...