СЈО очекува да бидат повлечени сите аболиции

Скопје, 3 јуни 2016 (МИА) - Специјалното јавно обвинителство очекува од претседателот Ѓорге Иванов да ги отповика и преостанатите аболиции, изјави денеска обвинителката Ленче Ристовска.

На прес-конференција во СЈО Ристовска рече дека очекуваат претседателот Иванов да ги исполни уставните и законските обврски и да нема селективен пристап. - Правдата не треба да има селективен пристап, а вистината не треба да се затскрива, додаде Ристовска.

Според неа, делумните аболиции го отежнуваат спроведувањето на владеењето на правото. 

Во врска со одлуката на претседателот за повлекување на аболициите за 22 лица, Ристовска вели дека истражните дејства што ги презема СЈО не запреле и продолжуваат, повикувајќи се на член 304 од Кривичниот законик.

- Од вкупниот број помилувани лица, во „Титаник“ не се повлечени аболициите за пет лица, во „Тврдина“ не се повлечени за три лица, во „Тортура“ за шест лица и во „ТНТ“ за две лица, а во „Пуч“ две лица не се помилувани, информира Ристовска. 

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не може да информира колку точно сведоци има во постапките на СЈО, но, како што посочи, постојат уште неколку лица за кои воопшто не се водела постапка пред СЈО. 

Вкупниот број отворени истраги од СЈО е седум и со нив се опфатени 60 лица. СЈО ги продолжува и другите истражни и предистражни постапки, за кои, како што наведе, засега не може да дадат повеќе детали, но посочи оти повеќето се однесуваат на финансиски истраги.

- Сите лица за кои ќе се потврди дека направиле незаконски дејства ќе одговараат кривично, но и материјално, рече Ристовска.

На новинарско  прашање кога може да се очекува покренување обвинение, со оглед на рокот што го има СЈО и дали ќе ги запазат роковите во однос на прислушуваните разговори, обвинителката Ристовска рече дека  не може да се даде прецизен одговор кога може да се очекува обвинение затоа што тоа зависи од обемот на доказниот материјал и не може да се прејудицира со никакви датуми.

- Имаме примено 540.646 аудио записи во СЈО. Нашите анализи покажуваат дека за 220  работни дена, на 11 обвинители, доколку три часа дневно слушаат од материјалите, ќе им треба повеќе од 1,5 година само да ги преслушаат, изјави Ристевска и наведе дека рокот го притиска СЈО од повеќе аспекти. Изрази уверување дека ќе се направат напори да се изнајде механизам да се надмине оваа состојба со обемот на работата, затоа што, подвлече, примарен интерес е целосно да бидат ревидирени сите незаконски прислушувани разговори и што треба да биде предмет на истраги.

Ристовска забележа на, како што рече, одредени неточности за СЈО објавени во медиумите. Најави дека во иднина сите информации, односно изјави на СЈО дадени на барање на новинарите, ќе бидат објавувани на веб страницата на Обвинителството.

Потврди дека се точни објавените информации во медиумите за платите на обвинителите во СЈО од 2.000 до 3.000 евра и за надоместоците, но посочи дека тие се во рамки на законските прописи и финансискиот план што им е одобрен од Собранието. Детален отчет, потенцира, ќе биде даден во извештајот што треба да го поднесат во септември годинава. Во финансискиот план, рече, ќе бидат дадени и трошоците за новиот објект на СЈО, а очекувањата се од септември да се започне со работа во новите простории.

За назначувањето на професорот Мирослав Грчев за вештак, Ристова рече дека за потребите на СЈО за вештачење бил избран Архитектонскиот факултет - Скопје, кој, пак, го одредил Грчев.

Откако стигнало вештачењето во СЈО утврдиле дека нема законски основи Грчев да биде изземен. - Не е прекршена никаква законска одредба. Ако има сомненија дека не е постапено според законот, може да се ангажираат технички советници. Ако има различни резултати, може да се интервенира, рече Ристовска. Меѓу другото, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека врз основа на постоечкиот правилник во СЈО ангажирани експерти се и Светозар Шкариќ и Александар Тортевски.

За случајот со Коста Крпач, Ристовска истакна дека тој доброволно се јавил во СЈО да биде сведок во предистражна постапка која се уште не е објавена. Предистражната постапка за тоа се води, подвлече, во Основното јавно обвинителство - Скопје по повод неговата смрт. Ристовска наведе и оти имаат изјава од Крпач дека му биле упатувани закани и дека сите наводи се доставени до ОЈО - Скопје. Додаде дека барањето на Крпач за заштитен сведок не било пријавено во МВР, со цел да се заштити неговиот идентитет. Потсети дека СЈО до Собранието има доставено предлог-текст за задоволување на потребите во доменот на заштита на сведоците.

На прес-конференција Ристовска информира дека СЈО се уште го немаат преземено предметот на новинарот Зоран Божиновски, решението се однесувало само на предметот „Шпион“.

Ристовска посочи дека од одредени државни органи имаат проблеми во смисла  на доставување барана документација во одреден рок и толкување на законските одредби на начин на кој, како што рече, целосно или времено ја ограничува нашата работа. - Веруваме дека во иднина ваквиот тренд ќе се промени, напомена обвинителката Ристовска и ги посочи за позитивни примери за соработка деловните банки за непречено спроведување на финансиските истраги.

На прашањето дали обвинителите од СЈО се чувствуваат безбедни, Ристовска истакна дека начелно се чувствуваат сигурно.

- Не можеме да кажеме дека не постојат наши резерви во однос на прашањето за безбедност. Во моментот кога ќе процениме дека постојат високи ризици за нашата безбедност, ќе бидат ангажирани дополнителни ресурси од страна на МВР, одговори таа и додаде оти МВР се уште го обезбедува домот на обвинителката Фатиме Фетаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...