Кривични пријави за осум вработени на Економски факултет за примање поткуп

Скопје, 7 јуни 2016 (МИА) - Кривични пријави против осум вработени на Економскиот факултет на УКИМ на возраст од 29 до 65 години поднесе Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство. Шест се универзитетски професори, еден демонстратор и сопственик на бифето на факултетот.

Министерот Митко Чавков на прес-конференција рече дека по претходни добиени информации од оштетени граѓани-студенти и во координирана акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал од 2014 година, осумтемина се осомничени дека директно или преку посредници барале и примале поткуп за студентите да ги положат предметите што тие ги предаваат. 

 - Тие се товарат дека сториле повеќе коруптивни кривични дела, како примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање поткуп. Според документираните сознанија, пријавените во 2015 и 2016 година, заради стекнување противправна имотна корист, ја искористиле својата службена положба на начин што од студенти на Економскиот факултет Скопје директно или индиректно барале парични средства за во рамки на своите службени овластувања да извршат дејства што не би смееле да ги извршат, односно да им овозможат да се стекнат со преодна оцнека по предметите кои тие ги предаваат, без притоа студентите да покажат соодветно знаење, рече Чавков.

Од осумтемина пријавени, петмина  вчера биле приведени и задржани во Полициската станица Кисела Вода и денеска ќе бидат предадени на судија на претходна постапка, а за тројца (Т.Ф., С.Д. и Љ.И) денеска се подготвени покани за разговор во Јавно обвинителство и ќе им бидат предадени. 

Обезбедени се докази, рече Чавков, дека осомничените во повеќе случаи побарале различни суми од студентите, кои се движеле од 500 до 1.000 евра, а за возврат им пишувале оценки кои тие не ги заслужувале. Документирани биле и случаи во кои оценки добиле студенти кои  немале право да полагаат или воопшто не го пријавиле испитот во сесијата.

Најчесто се работи за студенти во прва година на студиите од Економскиот факултет. Осомничените имале разработена шема, па во некои случаи сопственикот на бифето ги земал парите за поткуп од студентите и ги давал на асистентот кој, пак, ги  предавал на професорите со цел во индексите тие да напишат преодна оценка (6).

Чавков на прес-конференцијата ги соопшти само иницијалите на поканетите за разговор (Т.Ф., С.Д. и Љ.И.) а на петтемина приведени не ги откри и рече дека дополнително ќе бидат соопштени. 

Предметите за кои МВР има сознанија дека се добивале оценки на таков начин се: Основи на економија, Основи на сметководство, Математика за економисти, Статистика за бизнис и економија, Економика на претпријатија и Менаџмент на мали бизниси.

До доказите е дојдено преку 13 претреси - седум во домовите, четири во професорските кабинети и во просториите на факултетското бифе и на Студентски прашања на Економски. Во возилото на еден од осомничените биле најдени 1.000 евра (16 банкноти од 50 евра и две од по 100 евра). Кај друг професор бил одземен „Ајфон 6“ а во кабинетот му нашле и одзеле четири индекси на студенти. Во домот на друг осомничен, пак, е пронајден еден индекс. Во бифето се најдени две пријави за испит, а на Студентски прашања се одземени 17 досиеја на студенти, најчесто од прва студиска година. При претресите е најден и нотес со матични броеви на студенти. 

Според Чавков, се работи за поединечни случаи, но очекува да се јават студенти кои биле жртви на корупција за време на студирањето. 

На новинарско прашање дали меѓу нив има и академици, министерот се повика на пресумпцијата на невиност, а негираше и дека со вчерашната полициска акција е нарушена автономијата на Универзитетот, додавајќи дека законот го дозволува тоа ако има сомневања за криминал. 

На прашање дали покрај пари професорите барале и други услуги, бидејќи ОЈО денеска во соопштение посочи дека некои професори барале и сексуални услуги, министерот не сакаше да даде конкретни детали зашто, како што рече, се работи за осетлива сфера и оти во истражната постапка ќе бидат утврдени сите аспекти на кривичното дело. 

МВР засега не располага со точна информација колкав е вкупниот износ кој осомничените го стекнале противзаконски, освен дека во неколку наврати професорите земале по 500 и по 1.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...