Костадиновски во посета на карбинското село Долно Трогерци

Штип, 9 јуни 2016 (МИА) - Жителите и повратниците од селото Долно Трогреци денеска се собраа на своите стари огништа, чествувајќи го празникот Спасовден. Ѓителите од ова село, кое се наоѓа во најплодната жиница во штипско-карбинскиот регион, конечно до своите домови, ниви и фарми имаат патна инфраструктура.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, кој денеска беше во посета на општина Карбинци, истакна дека патот од штипското село Судиќ до Долно Трогерци е во завршна фаза, а во тек се градежни активности и за изградба на локалниот пат од Долни Балван до Долно Трогерци.

- Инвестицијата вредна околу 40 милиони денари за поврзување на Долни Балван со Трогерги и Врсаково со Трогерци овозможува полесна комуникација на жителите од овие населени места и полесен пристап до земјоделските површини, изјави Костадиновски.

Најави дека заедно со екипите од Државниот инспекторат за земјоделство и од Агенција за катастар на недвижности веќе работат за да ги утврдат сите површини кои се изложени, а не се евидентирани и оние кои не се изложени да ги изложат и да ги запишат во сопственост на Република Македонија, а потоа да ги поделат на земјоделците од овие два региона.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, кој потекнува од ова село, порача дека со упорност на мештаните и на Иницијативниот одбор решен е проблемот стар половина век со што околу 3.000 хектари плодна земја низ која минува и каналот за наводнување ќе може да се обработува.

- Навистина нема потреба сега земјоделците со нивната механизација да одат по главните патишта и да плаќаат казни и на најбрз начин ќе дојдат до своите ниви. Со тоа земјоделците добиваат голем бенифит, затоа што времетраењето за извршување на полските работи, но и на сточарите ќе им се скрати. Досега губеа повеќе време доаѓајќи до нивата, отколку што ја извршуваа самата работа, рече Шаклев.

Во општиана Карбинци досега преку програмата за рурален развој се инвестирани околу еден милион евра, а кон крајот на годинава ќе почне и изградбата на браната на река Козјак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...