Уапсен шверцер на текстил и делови за автомобили

Притворен 50 годишен скопјанец осомничен за криумчарење и царинска измама на поголема количина текстилна роба и авто делови.

Како што соопшти МВР, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.А. поради постоење основано сомнение дека на 9 јуни 2016 година извршил кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “, предвидено и казниво по член 278-б од КЗ на РМ.

- Пријавениот, откако претходно на засега неутврден начин и од засега непознато лице набавил поголема количина на разновидна трговска стока: текстилна роба (1566 парчиња блузи, 594 парчиња свечени фустани), потоа 1373 метри завеси за дом, 3250 најлон вреќи, автоделови (ламели за возила, куќиште за филтер, АГР вентили, Бош филтери, Гаф пакинг, поклопец за филтер, сидат вентили, термостати, свеќици, водни пумпи, федери за амортизери, алуминиумски грани, пластични црева, гумени навои, дихтунзи, управувачки осовини, зглобови за ПМВ, јабучици, лагери, ребрасти каиши со затегачи), како и 3660 литри моторно масло и друго - стока за која не поседувал соодветна документација и која била предмет на кривично дело „криумчарање“ истата ја натоварил во товарно моторно возило со намера дел да ја пласира на македонскиот пазар, а дел да биде пренесена преку гранична линија, се наведува во соопштението.

Според МВР, на наведениот датум околу 18 часот на локалниот пат село Побожје-Бродец во насока кон село Танушевци, товарното моторно возило кое било управувано од пријавениот, при извршување на редовни контроли било сопрено од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север. Осомничениот бил приведен и предаден во полициската станица Гази Баба, каде при извршена контрола и преглед на внатрешноста и багажниот простор на возилото била пронајдена предметната трговската стока која заедно со возилото се одземени, а со пријавениот бил извршен разговор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...