МВР: Се преземаат мерки за оштетувањата од завчерашниот протест

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека се преземаат мерки за оштетувањата направени во текот на завчерашниот протест што го организираше граѓанското здружение „Протестирам“.

Според МВР, оштетувањата на објектите на Министерството за правда и на Собранието на Република Македонија, како и на споменикот „Прометеј“ во паркот „Жена борец“ се фотографирани, а направени се и записници и фотоалбуми.

- Неколку од учесниците во протестот со фрлање бои и со употреба на разни предмети го оштетиле објектот на Министерството за правда. Скршиле и неколку стакла од прозорците. Потоа, толпата на граѓани се упатила кон Собранието на РМ каде исто така дел од лицата со употреба на чатал фрлале балони наполнети со боја при што била оштетена фасадата. Околу 21:20 часот наспроти објектот на Собранието на РМ, во паркот „Жена борец“ дел од насобраните граѓани од споменикот ,,Прометеј“ ги тргнале платното и дрвените штици поставени на металното скеле околу и со употреба на бои и разни предмети го оштетиле, но биле спречени во натамошните постапки со интервенција од Единицата за брзо распоредување, наведува МВР.

Протестот е снимен, преземени се видео материјали и фотографии од отворени извори на податоци (интернет) за што е сочинето ЦД со видео запис. Од страна на полициски службеници при СВР Скопје кои службено биле ангажирани за обезбедување на протестите, препознаени се неколку лица кои ги вршеле оштетувања на објектите.

За натамошна постапка, дополнително ќе бидат набавени видео записи од безбедносните камери поставени во непосредна близина на Министерството за правда, Собранието и споменикот на „Прометеј“ за периодот од 18 до 22 часот кога, како што истакнува МВР, се извршени оштетувањата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...