Богов: Македонија да ја стабилизира политичката ситуација

Курсот на денарот ќе остане стабилен, земјата нема да падне во инфлација, не се очекуваат проблеми кај девизните резерви, а поголеми ризици носи континуираната политичка криза која втора година се рефлектира кај кредитирањето.

Ова го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов денеска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше Извештајот за работата на НБРМ за 2015 година.

Тој додаде дека поради политичката криза, земјата минатата година не го оствари планираниот раст од 4 отсто.

- Стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото гарантира дека нема да има големи турбуленции и кај нашите извозници. Тие главно извезуваат кон еврозоната, кон земји кои се деноминирани во евро, така што тука не треба да има дилема. Ниска инфлација и стабилен курс на денарот останува како политика на Народната банка  и во наредниот период, истакна Богов.

Според него нестабилните глобални финансиски движења ќе продолжат и во наредните години, а неизвесноста ќе расте доколку и други земји од ЕУ решат да го следат британскиот чекор.
 
- Македонија да ја стабилизира политичката ситуација, бидејќи во турбулентни времиња какви што претстојат по излезот на Британија од ЕУ, на земјата и требаат намалени ризици, порача  гувернерот Богов.

Тој додаде дека Македонија е мала економија и оти ние не можеме да влијаеме на глобалните движења, но потенцира дека  она низ што ќе поминува економијата на Европската унија ќе има влијание и на нашата економија, затоа што македонската економија е извозно ориентирана кон ЕУ и од тоа не може да избегаме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...