АВМУ бара од Канал 77 емитување идентичен програмски сервис

Скопје, 24 јуни 2016 (МИА) - Агeнцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе програмски надзор на програмата што ја емитува радио Канал 77 во Скопје, Битола и Штип при што констатира дека постои разлика во обемот и во составот на некои од рекламните блокови, додека составот на музиката и содржината на емисиите – новинарски обликуваните целини, е идентичен.

Агенцијата, како што соопштуваат, го извести Радио Канал 77 дека треба на целата територија на Република Македонија да емитува идентичен програмски сервис (вклучувјаќи ги и рекламите), што треба да го стори најдоцна во рок од 45 дена.

Појаснуваат дека секој радиодифузер, со доделувањето дозвола од страна на Агенцијата, стекнува право да го емитува програмскиот сервис на подрачјето за кое е издадена дозвола. Програмскиот сервис пак, законски е дефиниран како целина од програми и други елементи (како на пример рекламите) на една единствена аудио или аудиовизуелна медиумска услуга што ја обезбедува конкретен радиодифузер, а е наменета за прием од страна на јавноста. Оттаму, ниту еден радиодифузер не може да емитува различна програма во различни региони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...