Финишира изградбата на „Пазарска патека“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 26 јуни 2016 (МИА) - Активностите за изградба на т.н. „Пазарска патека“ во кејот на Крива Река се во завршна фаза. Патеката се протега од главниот влез на градскиот пазар до мостот во центарот на градот крај градскиот парк.

- Патеката се гради на барање на граѓаните, со нејзината изградба ќе се намали метежот на главната улица, ќе се зголеми безбедноста на пешаците, особено во сабота, кога е пазарен ден, а и веќе се создаде ново пријатно катче за рекреација во самиот кеј на реката. Исто така, просторот во овој дел од коритото на Крива Река хортикултурно се уредува и го разубавува градот, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Патеката е широка околу два метри, се наоѓа во мајор-коритото на реката со средства обебедени од буџетот на општината во висина од 750.000 денари. Изградена е од камени плочи и е со вкупна должина од 275 метри.

- Изградбата на пазарската патека претставува континуитет на досега превземените активности за уредување на речното корито на Крива Река. Изградено е минор корито на Крива Река во должина од околу 500 метри и уреден е вливот на Дурачка Река во Крива Река, а на деснито брег на Крива Река беше изградена и ролерско-велосипедска патека, додаде Алексовски.

Останува да бидат доуредени скалите за пристап до патеката и да се постави урбана опрема долж истата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...