Редукции на водата за пиење во Неготино

Неготино, 27 јуни 2016 (МИА) - Редукции на водата за пиење воведе Јавното претпријатие „Комуналец" од Неготино, поради енормно зголемената потрошувачка, како последица на високите летни температури.  
     

- Ноќните редукции се задолжителни и траат од 23 часот навечер до околу 5 часот изутрина. Во тоа време резервоарите за вода се полнат за да има вода во текот на денот. Зависно од дневната потрошувачка, можна е и дневна редукција во периодот од 12 до 15 часот, информираше денеска директорката Наташа Лазова. 
     

Таа нагласи дека во моментов од регионалниот водовод Лукар, Неготино добива 76 литри во секунда вода за пиење. 

- Таа вода е доволно за неготинци. Но проблемот се појавува поради несовесниот однос на поединци кои нерационално ја трошат водата за пиење, иако градот располага и со технолошка вода за наводнување на дворните површини, рече Лазова. 

Апелираше до неготинци совесно да се однесуваат со водата за пиење, која се носи педестина километри од планината Кожуф, за да ја има во доволни количини за сите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...