Заврши втората музичка работилница во Спомен - домот Тоше Проески

Скопје, 26 јуни 2016 (МИА) - Со концерт на учесниците на работилницата за хармоника под менторство на Горан Алачки, вчера успешно заврши втората музичка работилница која од 24 до 26 јуни, се реализираше во спомен домот на Тоше Проески во Крушево. На концертот пред многубројната публика настапија специјалните гости поп звездата Елена Ристеска, и легендата на македонската народна песна Виданка Ѓоргиевска, соопшти Министерството за култура.

Учесниците на работилницата која годинава се одвиваше под менторство на  најпознатиот македонски хармоникаш маестро Горан Алачки, во едукативни сесии ги изучуваа техниките и совладуваа песни низ нотни записи од различни музички жанрови. Целиот тек на работилницата беше сниман со професионална видео опрема и наскоро ќе биде продуциран краток документарен филм посветен на овогодинешното издание Крушево ворк-шоп, како и еден музички спот со некоја од изведените песни.

Одржувањето на музичката работилница, прераснува во традиција која се повеќе го окупира вниманието на домашната и балканската јавност, како еден од препознатливите брендови на Крушево, а  Спомен – домот Тоше Проески прераснува  во регинален музички едукативен центар .

Минатата година беше реализирана првата исклучително успешната работилница со  македонскиот  виртуоз на гитарата Влатко Стефановски и неговиот асистент Христо Мулар кои го поделија своето знаење  со младите луѓе од кој произлезе и видео запис кој  на друштвените мрежи го видоа повеќе од 130.000 луѓе, се наведува во соопштението од Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...