Граѓански организации бараат зголемување на опфатот на жени со гинеколошка здравствена заштита

Скопје, 30 јуни 2016 (МИА) - Прифаќање на предложените мерки за зголемување на опфатот на жените со гинеколошка здравствена заштита и мерките од Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, побараа денеска граѓанските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ, Центарот за демократски развој и иницијативи, НВО КХАМ и Ромскиот ресурсен центар.

Според нив, предложените мерки се во насока на унапредување на репродуктивното здравје на жените и намалување на стапката на смртност од карцином на грло на матка и од останатите заболувања на репродуктивните органи.

Тие сметаат дека треба да се обезбедат средства за покривање на трошокот за специјализации по гинекологија и акушерство за матични гинеколози во Примарната здравствена заштита во сите општини каде што воопшто нема матични гинеколози, за да се постигне опфат со матични гинеколози предвиден со Уредбата за мрежа на здравствени установи и да се зголеми буџетот на Програмата за скрининг за рак на грло на матка, со цел да се опфатат најмалку 35 отсто од жените од целната возрасна група.

Нагласија дека во Програмата за скрининг треба да се предвидат активности за опфат на маргинализираните групи на жени, со акцент на жените Ромки и жените од руралните средини.

Предложените мерки, укажаа тие, се засноваат на наодите од нивната работа според кои, се бележи стапка на пораст на смртноста од рак на грло на матка во периодот 2011 – 2014 година, од 1,5 на 100.000 жени во 2011 година на 4,1 во 2014 година. Во 2015 година само 4 отсто од жените од целната возрасна група (од 24 до 35 години) направиле ПАП тест според Програмата за скрининг на рак на грло на матка, иако во 2015 се опфатени повеќе жени за разлика од 2014.

- Иако, Министерството за здравство во 2015 година распиша оглас за Кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација од областа на гинекологија и акушерство за примарно ниво на здравствена заштита за 20 извршители, одобрени се пет кофинансирани специјализации. Со овој тренд не може да се постигне соодветна покриеност со гинеколошка здравствена заштита во сите општини, наведуваат граѓанските организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...