Заврши јунската сесија од екстерното тестирање

Скопје, 30 јуни 2016 (МИА) - Со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето на 28 јуни 2016 година заврши јунската сесија од екстерното тестирање, информира Државниот испитен центар.

Во  јунската сесија биле поднесени 1.824 приговори, односно приговарано е на само 0,5 проценти од тестовите. Прифатени се 18,4 отсто, делумно прифатени се 21,2 проценти од приговорите, а 60,4 отсто од приговорите се неосновани, се наведува во соопштението на Државниот испитен центар.

Најмногу приговори се поднесени за предметите математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто приговарале ученици на кои им недостасува 1 или 2 бода за одлична оценка (1000 ученици).

Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања. Оваа процедура ја практикуваме од минатата година и тоа е една од причините поради кои имаме се помалку основани приговори.

Оправдано отсутните ученици, како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се реализира на 19 и 22 август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...