Орав: Партиите што поскоро да договорат решение за кризата

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) – Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав и амбасадорите од земјите членки на Унијата денеска изразија сериозна загриженост за ситуацијата во Македонија поради немањето прогрес во имплементацијата на Пржинскиот договор и ја нагласија потребата од изнаоѓање решение за политчката криза во следните деновви.

- Помина повеќе од месец дена откако Парламентот повторно заседава. За жал, не видовме многу прогрес во адресирањето на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата. ЕУ е сериозно загрижена за ситуацијата, изјави амбасадорот Орав.

Тој нагласи дека тие се обединети за потребата политичкото лидерство во земјата да се ангажира во отворен дијалог.

- Партиите мора да постигнат согласност за патот напред во имплементацијата на Договорот од Пржино од 2015 година вклучувајќи и креирање услови за кредибилни избори, рече амбасадорот Орав.

Шефот на Делегацијата на ЕУ се осврна и на владеењето на правото во државата, кое според него, во изминатите месеци се соочило со натамошни предизвици вклучувајќи ја и амнестијата од претседателот на државата. Тој нагласи дека владеењето на правото е фундаментално за силно демократско општество. Затоа, рече, од клучно значење е да се имплементираат итните реформски приоритети предложени од Европската комисија.

- Остануваме загрижени за предизвиците со кои се соочува во својата работа специјалниот обвинител. Ги повикуваме сите тела и особено сите страни кои се согласија да се воспостави специјалниот обвинител да престанат со попречувањата и наместо тоа целосно да ја поддржат неговата работа. Дополнително, сите прашања со кои се соочува оваа институција исто така мора да бидат адресирани како приоритетни прашања, рече Орав.

Тој на крајот подвлече дека Пржинскиот договор останува единствениот пат за излез на земјата од политичката криза.

- Демократијата се зајакнува преку целосно учество во институциите за да се обезбеди нивно демократско функционирање и поголема контрола. Потсетуваме дека рамката од Пржино останува најдобриот пат за излез на земјата од постојната криза. Веруваме дека е во интерес на оваа земја и нејзиниот евроатлантски пат главните политички партии да се согласат за решение за излез од кризата во следните неколку дена отколку во следните недели или месеци, порача амбасадорот Аиво Орав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...