Ректорската управа во понеделник ќе расправа за случувањата околу изборот на студентски лидер

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата околу изборот на нов студенски лидер.

Во соопштението испратено од ректорот во заминување Велимир Стојковски се наведува дека во понеденик во 8 часот е закажана вонредна седница на Ректорската управа, а од Студентскиот парламент се бара итно детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избори.

- Длабоко сум загрижен од информациите кои беа објавени во медиумите за случувањата со студентските избори, кои беа под секое достоинство, како и употреба на полициски сили со оклопни возила во академски студентски избори. Поради тоа, упатувам апел до сите студенти, членови на СПУКМ, членови на Студентскиот пленум, членови на студентски иницијативи и други форми на организирање на студентите, за воздржаност од било какви активности кои дополнително би ја усложниле ситуацијата, што би можело да доведе до сериозни последици од повеќе аспекти, вели Стојковски во соопштението испратено до јавноста. 

Притоа се нагласува дека Универзитетскиот сенат на конститутивна седница одржана на 27 јуни формирал комисија за измена на Статутот на УКИМ во делот кој се однесува на студентското организирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...