Нема повредени и жртви меѓу македонските граѓани кои живеат во Ница

Париз, 15 јули 2016 (МИА) - Нема жртви и повредени меѓу Македонците кои живеат во градот Ница и соседниот Кан во терористичкиот напад што се случи синоќа во Ница, јави дописникот на МИА од Париз. 

Неколку македонски државјани кои живеат на Азурниот брег, посебно во градот Ница и соседниот Кан, во телефонски разговори на дописникот на МИА му потврдија дека нема повредени и жртви меѓу нашите сограѓани.

Елена Голомеова, која работи и живее на речиси самото место на терористичкиот напад, исто како и другите соговорници, изјави дека нема наши граѓани меѓу жртвите и повредените.

Голомеова потврди дека Променад деза Англе е затворена и оти на улицата се уште се наоѓа белиот камион, околу кој има полициски екипи.

Македонските државјани ги информирале своите блиски дека се во добра здравствена состојба и оти се на сигурно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...