Голема полициска акција и претреси во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија

Скопје, 20 јули 2016 (МИА) - Во оперативна акција под називот „Којот” која се одвивала во текот на вчерашниот ден па се до утринските часови од Одделот за сузбивање сериозни криминал при МВР, приведени се повеќе лица и извршени се претреси на неколку локации во Велес, Неготино, Скопје и Гевгелија.

Како што потврдија за МИА од МВР, акцијата е извршена поради основи за сомневање за сторени повеќе кривични дела злосторничко здружување, разбојништва, лажно претставување, неовластено производство и пуштање во промет дроги, психотропни супстаници, криумчарење мигранти и злоупотреба на службена положба.

Според првичните информации, осомничени се и полициски службеници од СВР Велес. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што објави на веб страницата, раководи со предистражната постапка во која со правосудната полиција – МВР РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал од утринава ја спроведува акцијата „Којот”.

- Со акцијата се гони поголема организирана криминална група поради основи на сомневање дека подготвува и извршува повеќе кривични дела, и тоа Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в, Криумчарење мигранти од чл.418-б, Разбојништво од чл.237 ст.4 в.в. со ст.1, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.3 в.в. со ст.1 и 2 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО објавено на веб страницата.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува, продолжува со преземањето дејствија, за кои јавноста ќе биде дополнително известена.​

Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...