19 приведени, претреси на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје

Скопје, 20 јули 2016 (МИА) – Вкупно 19 лица се приведени, по три се трага, едно лице се наоѓа надвор од територијата на Република Македонија и едно лице е на издржување казна затвор. Извршени се претреси на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје.



Ова е билансот од акцијата „Којот“ на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР, во содејство со основното јавно обвинителство, информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Во текот на денот по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за повеќе лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „разбојништва“, „лажно претставување“, „криумчарење мигранти“, „злоупотреба на службената положба“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од приведените, петмина се полицајци сите од СВР Велес,  а еден од нив е помошник командир, посочи Чавков и додаде дека истрагата се уште тече.

- Организатори на криминалната група се три лица од Велес, од кои еден вработен во СВР Велес. Групата почнала да дејствува од почетокот на 2015 година на национално и меѓународно ниво. Полициските службеници контактите и дејствијата при вршење на кривичните дела ги извршувале и за време на работа, изјави Чавков.

При претресите пронајдени се автоматски пушки, рачна бомба, пиштол, дробилка за марихуана, муниција за огнено оружје, службена документација, како и документација од исплата на парични средства.

Според Чавков, припадниците на криминалната група учествувале и во веќе документирани и процесуирани кривично правни настани. Двајца од тројцата организатори биле и организатори на разбојништвото што се случи во Велес на 8 февруари годинава кога од вработени во Агенција за обезбедување беа одземени четири касети сопственост на Стопанска банка во кои имало четири милиони денари.



- Утврдено е дека првопријавениот 35-годишен велешанец на територијата на Велес и Штип повеќе од една година организирал поголема мрежа на дилери на дрога. Дрогата претежно марихуана ја набавувал од Албанија или од Скопје, рече министерот за внатрешни работи. Додаде дека е утврдено оти од страна на криминалната група извршен е транспорт на најмалку 559 мигранти, за различни суми од 500 до 1000 евра, а делувала и преку казнено поправната установа-затвор во Гевгелија, каде осуденик учествувал во пронаоѓање мигранти.

На новинарско прашање во врска со тоа дали Горан Грујоски зема плата во отсуство, министерот за внатрешни работи информира дека тој од вчера го прекинал боледувањето се вратил на работа, и е разрешен од позицијата началник на 5-та Управа, а се уште нема поставено нов на неговото место.

Чавков информираше дека ќе поднесе и тужба во врска со прес-конференцијата на Општинската организација на СДСМ во Струмица на која беше изјавено дека го користел службениот хеликоптер на МВР за приватни цели.

- На конкретниот датум на кој посочуваат на прес-конференцијата, има извршено лет и има изготвено извештај, но е по наредба и барање на јавен обвинител од ОЈО - Струмица и постои комплетна докумантација. Летот е извршен во рамки на истражната постапка во врска со хеликоптерската несреќа односно да се реконструира летот во кој животите ги загубија колегите од МВР, нагласи Чавков. Тој смета дека се работи за обид за дефокусирање на јавноста од тоа што реално се случува на политичка сцена, особено, подвлече, од тоа што се работи во борбата против криминалот.

На прашањето каков е епилогот на акцијата „Рефлекс“ што ја водел поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Чавков потврди дека за оваа акција за превенирање и елеминирање закани од прекуграничен криминал и насилен екстремизам и тероризам, само два до три дена се потрошени околу 200 илјади евра.

- Ангажирани се речиси сите ресурси во СВР Куманово, во Одделот за посебни единици, ЕБР, Единицата за специјални задачи, воздухопловни единици и направани се огромни трошоци, но резултатот е нула, појасни министерот Чавков.

На новинарското прашање дали внатрешната контрола при МВР има покренато истрага во врска со објавената фотографија на вработена во МВР на приватна веселба - свадба, на која е сликана со автоматско оружје, Чавков информира дека утврдени се факти кои посочуваат дека се работи за оружје кое не е службено, но, истакна, има сериозни индикации дека има не само повреди на прописи поврзани со Законот за внатрешни работи, туку ќе се истражува и евентуална кривична одговорност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...