Проштална средба на евроамбасадорот Орав со Заев

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со евроамбасадорот во заминување Аиво Орав. 

Како што соопшти СДСМ, Заев му се заблагодарил на Орав за, како што е наведено, неговите заложби за обновување на демократските процеси во Македонија и посебно за неговата ангажираност во напорите за разврска на длабоката политичка криза во Македонија.

- На средбата е заеднички констатирано дека следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се одржат според предвиденото во декември, се сериозен предизвик за Македонија, дали ќе зачекори кон стабилна иднина. Спротивната опција е непосакувана и ризична и за граѓаните и за државата од секој аспект, се посочува во соопштението од партијата.

Заев му подарил на Орав слики од ликовниот уметник Илија Прокопиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...