Заврши летниот камп Бигорскиот и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарско Рајчица

Дебар, 25 јули 2016(МИА) - Во познатите македонски древни светилишта Бигорскиот и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши петтиот летен камп по веронаука. 

Манастирски гости на кампот по веронаука беа четирисетина деца од Охрид, кои со монасите и монахињите преку дружба се запознаваа со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваа и во практични манастирски задолженија.

- Миговите поминати со децата, нивните насмевки и прегратките со кои нè опсипуваат се верни сведоци на едно благодатно поминато време - време што како најдраг гостин нè посетува и ни носи дарови на радост, не само сега, туку и тогаш кога за него ќе си спомнеме во иднината. Спомените не се само неми сведоци на нешто што поминало, туку се и громогласни проповедници за она што се вкусило и доживеало - за вкусената духовна веселба во рајските градини, за доживеаната божествена љубов во прегратките на Црквата, велат сестрите од Раичкиот манастир.

Тие  со големо задовоство додават дека  изминатите пет дена, колку што трае кампот, децата од Охрид како цветови ги украсувале  двете рајски градини на Бигорската и Раичката Обител, насекаде ширејќи ги своите миомирисни насмевки со кои силно го сведочеа своето задоволство од престојот во нив. Особено силна била радоста во мигот на заедничката средба со игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј.

Ова беше петтиот, од вкупно девет летни кампови по веронаука, колку што ќе се одржат ова лето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...