„In Nomine“ - трета стихозбирка од Стефан Марковски

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Во едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје излезе од печат нова поетска збирка од Стефан Марковски, насловена „In Nomine“ која содржи 40-ина песни. 

- Во  „In Nomine“  Стефан Марковски не ја следи главната поетичка структура на неговата генерација во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед на реалноста. Напротив, тој е склоп кон чисто лирскиот асоцијативен тип поезија. Нему пред сѐ му е битен, како што би рекол Карлајл, метафизичкиот квалитет на песната, на кого во европската модерна посебно инсистираа симболистите, пишува во рецензијата критичарот Евтим Клетников.

„In Nomine“ е трета стихозбирка на Марковски. Досега ги објавил: „Еднонасочно“ (роман, 2009), „Апеирон“ (поезија, 2010), „За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), „Хиерархиска еволуција на свеста“ (Психологија и теорија на ум, 2012), „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ (Филозофија, 2012), „Среќата е глагол“ (Психологија и филозофија, 2013) и „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (Раскази и драмски текст, 2015).

Марковски е постдипломец на Факултетот за драмски уметности – насока Филмско и ТВ-сценарио. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Негови дела се преведени и објавени на неколку јазици. За своето творештвое добитник на домашни и на странски награди и признанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...