Шекеринска: Професионалците да се пријават за ад хок телото за медиуми и за уредник на МТВ

Скопје, 27 јули 2016 (МИА) - СДСМ денеска упати повик за кандидирање за членови во ад хок телото кое ќе врши контрола на медиумите во предизборниот период и за главен и одговорен уредник на МТВ.   

- СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад хок телото коешто ќе врши контрола мониторинг на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период. Истиот повик го упатуваме и во делот на кандидати за главен и одговорен уредник на МТВ, изјави потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска.

На Република Македонија, како што рече, и се неопходни фер и демократски избори, а такви избори се невозможни ако медиумите не известуваат објективно и професионално.

Потпретседателката на СДСМ рече дека рокот за формирање на ад хок телото, предвиден со законот што допрва треба да биде усвоен, е 19 август. 

Според Шекеринска, законите кои беа усогласени од претставници на четирите политички партии а се однесуваат, главно, на ингеренциите на министерот за внатрешни работи и на медиумите, според договореното, до петок треба да бидат изгласани во Собранието. Рече дека законите чекаат на потпис на координаторите на пратеничките групи.

Во врска со Избирачкиот список и спорните гласачи, Шекеринска рече дека очекува елиминирање на некои можности за злоупотреба, особено што сега покрај името во ИС ќе има и фотографија на гласачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...