Во струмичко АД МЕПСО почна кампања за поголема внимателност во сезоната на наводнување

Струмица, 29 јули 2016 (МИА) - Преку видео спотови, македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО почнува медиумска кампања во струмичкиот регион за заштита на земјоделците во екот на сезоната за наводнување. Според нив, минативе четири години немало несреќен случај, но и покрај тоа, АД МЕПСО ќе продолжи со акцијата за подигнување на јавната свест кај земјоделците.

- Ги советуваме земјоделците да одбегнуваат да поминуваат под далноводите со комбајни или со друга робусна механизација, да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјоделски површини во трасите на далеководите, ниту под проводните јажиња на трасите. Исто така, земјоделците треба да внимаваат при дигањето на металните цевки од системите за наводнување или други метални елементи под проводните јажиња, истакна Никола Стојанов, портпарол во АД МЕПСО.

Земјоделците треба да бидат ососбено внимателни про поставување прскалки за наводнување и движењето на ветерот, зошто допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот за лицата кои се наоѓаат под трасата.

- Исто така сакам да истакнам дека земјоделците треба да внимаваат со палењето стрништа во близина на далноводите. При зголемена температура се вклучува безбедносната заштита која автоматски се исклучува со што пак се оптоварува остатокот од мрежата при што може да настане штета на опремата на далноводот и загрозување на работата на МЕПСО, додаде Стојанов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...