Во ДИК досега пријавени 7.931 спорни гласачи, рокот истекува денеска

Скопје, 19 август 2016 (МИА) - Заклучно до 12 часот денеска, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 7.931 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците. Рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК истекува денеска во 19 часот, а електронската апликација ќе биде отворена до 24:00 часот.

Од вкупно пријавените досега, 3.376 го направиле тоа во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 4.555 ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Пријавувањето на спорните гласачи почна на 26-ти јули. Тие имаа рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи, а пријавувањето се врши електронски преку специјална апликација на веб страницата на ДИК или лично во подрачните единици на ДИК и во кацелариите на Управата за водење матични книги. 

Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список.

По истекот рокот за пријавување на граѓаните, ДИК има на располагање 10 дена за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...