На УГД-Штип се пријавиле околу 1.700 кандидати на првиот уписен рок

Штип, 23 август 2016 (МИА) - Околу 1.700 кандидатите се пријавиле за упис на еден од 13–те факултети и академиите на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Проректорот за настава при УГД-Штип, Кирил Барбареев на денешната прес-конференција потенцираше дека бројот на пријавени студенти во првиот уписен рок е охрабрувачки и е на ниво на минатогодишните уписи.

- Скоро на сите факултети бројките се пристојни и се во рамки на очекувањата. Во споредба со минатата година бројките се скоро исти. Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика и Факултетот за образовни науки веќе ќе побараат проширавње на квотите, заради одредени специфики, рече Барбареев.

Тој истакна дека пријавените кандидати на 25 и 26 август ќе се запишуваат на факултетите, со што практично ќе добијат статус на студенти.

- Од 25 и 26 август се и пријавувањето на кандидатите за вториот уписен рок . Тоа е многу важно да се потенцира. За сите заинтересирани кандидати кои го испуштиле првиот уписен рок, рече Барбареев.

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ очекува во вториот уписен рок да се запишат дополнително 1.000 студенти, со што бројката на запишани студенти за академската 2016-2017 година би била од 2.500 до 3.000 студенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му вика на Хасо.
- Хасо дојди вечер со жена ти кај мене, ќе организирам групен секс.
- А колку души планираш?
- Па, ако дојде и жена ти - тројца.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...