Телевизиите бараат законот да важи и за интернет порталите

Скопје, 23 август 2016 (МИА) - На јавната дебата организирана во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, најголемите телевизии во Македонија побараа Агенцијата да го испочитува и делот на законот кој предвидува да се набљудува работата на интернет порталите. Советот на Агенцијата и нејзините стручни служби расправаа за предложената методологија со која ќе се набљудува известувањето на телевизиите и радио дистрибутерите, но се изоставува законски предвиденото набљудување на работата на интернет порталите.

- Петте телевизии сериозно протестираат на вашата интерна одлука со која сметам дека правите упад во последните измени на изборното законодавство затоа што сметаме дека немате право да го промените членот по кој се инсистира на мониторирање на сите што се застапени во изборниот закон. Доколку тоа го направите, се поставува прашањето зошто би требало ние да бидеме мониторирани, а вие да решите кој не треба да биде мониториран, изјави Иван Мирчевски од Македонската медиумска асоцијација, која ги обединува петте најголеми комерцијални телевизии (Алсат, Алфа, Канал 5, Сител и Телма).

Мирчевски додаде дека праксата покажува оти најчестите примери на ширење говор на омраза се токму преку интернет порталите.

Боби Христов од телевизијата Телма се придружи во барањето и интернет порталите да бидат следени за начинот на кој ќе известуваат, евентуално прекршување на правилата за балансираност и ширењето говор на омраза.

Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски и Емилија Петреска Камењарова од програмскиот сектор одговорија дека во консултација со меѓународни организации заклучиле дека поради непостоење јасна дефиниција на тоа кои електронски медиуми потпаѓаат под „интернет портал“, поради непостоење регистар на интернет портали и немање меѓународна пракса за мониторирање на порталите, Агенцијата решила да не ја набљудува нивната работа.

Мирчевски воедно ја оцени предложената методологија, за која Советот на Агенцијата решава во петок, како документ кој остава простор за субјективно казнување на медиумите. Според него, делот од методологијата со кој ќе се оценуваат квалитативните аспекти на балансираноста треба да се отстрани, бидејќи од набљудувачите на Агенцијата ќе се очекува да го оценуваат тонот на медиумските прилози, односно дали прилогот содржел сатирични или оптимистички тонови, па дури и аголот на камерата. Според Агенцијата, методологијата била изработена по примерот на сличната француска методологија, имајќи предвид дека од европските држави само Франција и Италија спроведуваат слично набљудување на известувањето во предизборниот период.

- Агенцијата ги разгледа искуствата од европските земји и одбран е францускиот модел за постигнување политички плурализам надвор од изборни периоди прилагоден на македонската практика и регулатива, соопшти Агенцијата.

На јавната расправа присуствуваа и членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, кои дискутираа за нивната улога во набљудувањето на медиумското известување од страна на Агенцијата. Оваа Комисија беше формирана согласно политичкиот договор на четирите најголеми партии и до утре би требало да биде комплетиран нејзиниот персонален состав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...