Измените на Законот за буџети пред пратениците

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Предложените измени на Законот за буџет, по брза постапка, со кои ќе се овозможи Министерството за финансии да прави пренамена, прераспределба на средства на 5 отсто од буџетот, со цел побрза исплата во услови на елементарна непогода, се на дневен ред на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет и на продолжението на 114. седница на Собранието.


Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средства во буџетот во износ до пет милиони евра. Според образложението на министерот за финансии Кирил Миноски, законот се носи за во иднина постапката за обесштетување да оди многу побрзо.  


На дневен ред на продолжението на 114. седница се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за просторно и урбанистичко планирање, за јавните патишта, за земјоделство и рурален развој, во скратена постапка, Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, во прво читање, како и за  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, во прво читање, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.

За законите претходно е закажана расправа во комисиите за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...