Грчки медиуми: Обнова на комуникацијата меѓу Атина и Македонија

Атина, 25 август 2016 (МИА) - „Коѕиас денеска во Скопје“, „Чавушоглу во Атина, Коѕиас во Скопје“, „Значаен говор на Коѕиас во Скопје“, „Коѕиас ќе се сретне со дипломатите во Скопје“, „Скопјаните го повикаа Коѕиас да зборува со нив“, се само некои од насловите во грчките медиуми кои денеска информираат за посетата на грчкиот министер за надворешни работи на Македонија.

Коѕиас денеска престојува во работна посета на Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, а ќе има средби и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со премиерот Емил Димитриев.

Главната причина за посетата на грчкиот дипломат е неговото обраќање на Амбасадорскиот совет на кој присуствуваат шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. Како што е предвидено, тој ќе ја води сесијата „The future of Europe and Balkans in need“.

Грчките медиуми засега без коментари ја пренесуваат информацијата, додавајќи дека посетата на Коѕиас се реализира во време кога траат разговорите меѓу двете земји за мерките за градење доверба.

Само „Катимерини“ коменитра дека вчерашната посета на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис и денешната на министеропт Никос Коѕиас упатуваат на тоа дека постои мобилност во напорите да се обнови климата на доверба меѓу двете земји, како услов за идни иницијативи за решавање на прашањето за името.

- Мотивите за патувањата на градоначалникот и на министерот за надворешни работи се различни, но со исти очекувања: обнова на постојани канали за комуникација на ниво на високи функционери во период на интензивни политички текови во Македонија и на култура во атмосфера на пријателство и добрососедство, коментира „Катимерини“.

Според весникот, во Скопје со голем интерес се очекува говорот на Коѕиас пред македонските дипломати, особено делот за односите Атина - Скопје во контекст на спорот околу името.

- Исто така, ќе биде интересно како ќе реагира публиката, составена од дипломати од помлада генерација, од кои повеќето се одвојуваат од познатата и пофлексибилна ‘југословенска школа’ на дипломатско размислување“, пишува „Катимерини“ додавајќи дека Коѕиас најголемиот дел од својот говор ќе го посвети на европските случувања, „но може да се претпостави дека дискусијата ќе ја опфати и отворена рана во билатералните односи“, се посочува во весникот.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во пресрет на посетата на Коѕиас, оцени дека очекува зголемување на довербата, како и подобра политичка комуникација меѓу двете држави.

Попоски вчера во изјава за медиумите рече дека не очекува на средбата со Коѕиас да биде отворено прашањето за името и посочи дека приоритет е подобрување на односите и создавање посилни врски во што е можно повеќе области.

Ова ќе биде втора посета на Никос Коѕиас на Македонија, по минатогодишната во јуни кога во Скопје имаше средба со македонскиот колега Никола Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...