Вкупно 202 првачиња ќе седнат во училишните клупи во Крива Паланка

Крива Паланка, 30 август 2016, (МИА) – Бројот на првачиња во Кривопаланечко  расте, од први септември во училишните клупи во двете основни училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ ќе седнат вкупно 202 првачиња.
 
Бројот на првоодделенци запишани во претстојната учебна година, 2016/2017, е зголемен за 12 во однос на минатата година, додека во однос на учебната 2014/2015 е зголемен за 49 кога во двете училишта на подрачјето на општината учеле 153 ученика.
 
Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ се запишани 101 прваче, од кои 93 во матичното училиште, додека 8 ќе посетуваат настава во подрачните училишта. 
 
Ист број првачиња, 101, ќе посетуваат настава во  основното општинско училиште Илинден.
 
- Од вкупно зашишаните 101 прваче, 69 ќе посетуваат настава во централниот објект, а останатите 32 ќе учат во подрачните училишта на Илинден и тоа, 22 во село Конопница и 10 во село Мождивњак. За прв пат по 10 години бројот на првачиња во нашето училиште надминува сто ученика-информира Оливер Дејановски, директор на ООУ Илинден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...