„Капка по капка“ и квалитетни ѓубрива за двојно повисоки приноси кај силажната пченка

Прилеп, 30 август 2016 (МИА) - Во близината на прилепското село Мало Коњари денеска официјално почна жетвата на силажна пченка на пет хектари, сопственост на земјоделецот и точар Илчо Даскалоски од Мало Коњари кој двојно ги зголеми приносите со примена на системот за наводнување „капка по капка“ и со новите течни ѓубрива на „Алкалоид“ од Скопје.
 
Воведувањето „капка по капка“ е дел од проектот за експанзија на мали бизниси од УСАИД, финансиран од Швајцарската влада.
 
Според Даскалоски, примената на овие мерки го унапредуваат производството и ги намачуваат трошоците.
 
- Го применувам системот „капка по капка“. Прво добив помош од УСАИД на еден хектар, а јас вложив на уште два хектара. Приносите се двојно поголеми и очекувам над 80 тони силажна пченка од хектар. Тоа е храна за кравите зашто имам сопствена фарма, вели Даскалоски.
 
Агрономот Димче Дамјаноси од Проектот за експанзија на мали бизниси при УСАИД вели дека ја продолжуваат соработката со земјоделците, конкретно со Даскалоски кој е еден од двајцата најуспешни во пелагониско и со совети помагаат. Системите капка по капка во Македонија ги користат околу 500 земјоделци.
 
- Со совети и следење на процесот на производство, ја продолжувамне соработката со Даскалоски и со земјоделците кои применуваат „капка по капка“. За овие четири години од проектот се финасираше поставување вакви системи на 280 хектари пченка и сончоглед во Македонија за модернизација на производството. Земјоделците двојно ги зголемија приносите и од 39 во 2012 година, стигнаа до 80 и до 90 тони пченка по хектар. Само лани приносите беа рекордни со 126 тони од хектар, истакна Дамјаноски.
 
 
Според него, на 480 хектари земјоделците сами вложија во системите, од кои дел се преку националната програма на Министерството за земјоделство кое субвенционира со 50 проценти.
 
- Годинава соработуваме и со „Алкалоид“ кој се вклучи со своите производи - течни ѓубрива, додаде Дамјаноски.
 
Според Емил Евгениевски од „Алкалоид“, течните ѓубрива се нудат веќе осум години, а годинава првпат се вклучуваат во поледелството.
 
- Соработката е одлична, а нашата цел е да помогнеме во унапредување на производството и веќе резултира оваа соработка со земјоделецот Даскалоски со кого потпишавме договор, рече Евгениевски.
 
Горанчо Томески од Агенцијата за унапредување на земјоделството од Прилеп нагласи дека само годинава 12 прилепски земјоделци користат „капка по капка“ и соработуваат со 30 ина од регионот.
 
- Целта е да се модернизира производството, да се зголемат приносите, да се намалат трошоците, особено во силажната пченка за добитокот со што и цената на чинење на млекото ќе биде пониска, а производителирте ќе бидат конкурентни на пазарот, напомена Томески.
 
Од проектот за експанзија на мали бизниси од УСАИД и од Агенцијата за унапредување на земјоделството сметаат дека македонските производители веќе сами вложуваат во модернизацијата и во примена на системите „капка по капка“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...