Од вчера Македонија ја погодија низа земјотреси, од кои два над 4 степени по Рихтеровата скала. По оној првичниот во 6:58 минути, следуваа уште неколку кратки, за во 15:10 минути да не потресе уште посилен од 5.3 степени по Рихтер.

Според досегашните податоци најпогодена земја на потреси е Турција, каде што во последното деноноќие се случиле 120 земјотреси. Доколку сакате да следите каде се случуваат земјотресите и со кој степен и длабочина, отворете на овој линк.
Се советува да не се паничи, да се скриете далеку од предмети и прозорци, под врата или пак носечки ѕид и никако да не се трча по скали затоа што тогаш се нанесуваат најголеми повреди. Откако ќе заврши земјотресот, напуштете го просторот каде што се наоѓате и отидете на сигурно место, далеку од згради и споменици.
И запомнете, земјотресите не може да се предвидат. Не верувајте доколку некој ви каже дека за еден час ќе има повторно земјотрес, бидејќи тоа никој не го знае.