Јанева со три барања пред пратениците

Скопје, 21 септември 2016 (МИА) - Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред собраниската Комисија за политички систем соопшти три барања кои според неа ќе ја олеснат работата на Обвинителството. Иако најавено, таа во обраќањето не го презентираше шестмесечниот извештај, но кажа дека ќе одговири на сите прашања во врска со него.

Јанева побара измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство односно на член 22 и да се пролонгира рокот од 18 месеци за да може до крај да се истражи кој незаконски прислушувал.

Таа исто така повтори дека се потребни измени на Законот за заштита на сведоци, како и имплементација на препораките на Венецијанската комисија. Важен е интересот на граѓаните, рече Јанева. Наведе дека не се плаши да одговори на ниту едно прањање и оти има целосна поддршка од поранешниот премиер Никола Груевски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во реплика постави низа прањања до Јанева, но таа досега не одговори на ниту едно бидејќи пратениците не беа договорени за редоследот на обраќања. Кога Јанева доби можност за одговор рече дека ќе се произнесе на крајот од седницата.

Координаторите на парламентарните групи во меѓувреме до претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев доставија предлог за редослед на обраќања на пратениците. Седницата е прекината на барање на Рафиз Алити од ДУИ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...