На образованието му е потребна темелна реформа

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска оцени дека на македонското образование му е потребна темелна реформа и оти фокусот треба да биде ставен на оние вештини коишто ќе им помогнат на учениците подоцна полесно да  најдат работа.

- Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование, а фокусот ќе го ставиме на математичките и на јазичните вештитни кај децата во Република Македонија. Денеска децата и во основно и во средно училиште се преоптоварени со многу содржини и многу предмети, рече Шекеринска.

Според неа, резултат од големиот број на предмети што се изучуваат во училиштата се површно знаење и незадоволство кај учениците, родителите и кај наставниците.

- Денеска, и на домашниот, и на меѓународниот пазар на труд, не е доволен дури ниту еден странски јазик да знаете, потребно е и повеќе странски јазици да знаете, потребно е многу математика, потребно е многу разбирање на различни проблеми со коишто се соочуваме во секојдневниот свет, рече Шекеринска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...