Завршува „Тера Мадре Салоне дел Густо“ во Торино

Торино, 26 септември 2016 (МИА) – Македонската делегација која учествува на годинашниот Меѓународен саем за традиционална храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во Торино, денеска ќе го посети регионот „Пиемонт“.

Предвидена е винска тура низ Полензо, седиштето на Универзитетот на гастрономски науки, гратчето Бра од каде произлезе иницијативата за Слоу фуд и регионот Ла Мора. Попладне, турата завршува со посета замокот во кој се наоѓа Регионалната енотека на Пиемонт.

Тера Мадре што официјално завршува вечер се смета дека привлече над еден милион посетители. Голема беше заинтересираноста за производите на македонскиот штанд, односно за президиумите буковска пипер, слатко од диви смокви, грозје станушина и македонска медоносна пчела.

Тера Мадре годинава првпат се одржуваше на отворено низ сите историски места на градот Торино почнувајќи од паркот Валентино, покрај реката По се до Кралскиот плоштад. Уште еднаш беше испратена пораката дека малите локални производители на традиционална храна се најголемите чувари на биодиверзитетот и културното наследство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...