Претстваници на МАЕИ на средба со градоначалникот на Булќиза

Дебар, 26 септември 2016(МИА) - Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција,(МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски, генерален секретар и Едмонд Османи претседател на разгранокот за Голо Брдо имале средба со градоначалникот на општина Булќиза, Мелаим Дамзи.

- На средбата се разговараше за состојбата во областа Голо Брдо,  една од најнеразвиените во Албанија. Двете општини од оваа област, Требиште и Острени, населени со македонско население,со новата територијална поделба  се припоија кон општина Булќиза, изјави Османи  денеска за МИА.

Според него, преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција побарале од градоначалникот Дамзи општина Булќиза да се ангажира за подобрување на условите за живот во областа на Голо Брдо.

- Од градоначалникот побаравме конкретни инвестиции во патната инфраструктура, водовод и канализација во областа на Голо Брдо. Исто така побаравме оптштина Булќиза да ги искористи и ИПА фондовите за меѓугранична соработка и со некоја општини од Република Македонија да аплицираат со некој проект кој би се реализирал во Голо Брдо, додава Османи.

Стрејовски и Османи претходно имале средба и со жители на повеќе села од областа со цел одблиску да ги слушнат нивните проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...