Омнибусот „Правда“ и претставата „Мртва точка“ за затворање на 41. МОТ

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Омнибус претставата „Проект: Правда“ на студентите на факултетите за драмски уметности од Скопје, Загреб, Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад и и Цетиње вечер, од 18 часот ќе биде изведена на 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ).

Како што соопшти МОТ, се работи за седум кратки текстови на тема правда: „Чепкалка“, „Печат“, „Попокатепетел“, „Шах-мат љубов моја“, „Терапија“, „Тука сум, Брехт“ и „Зафркавање“.

Студентите, како што се наведува во соопштението, минатата година заедно работеа на целосно создавање на омнибус претставата, од креирање на драмски текстови, преку режија и актерска игра, се до продукција и организирање на настапи. 

Од Факултетот за драмски уметности во Скопје учесници се шест студенти по актерска игра и по еден од одделите драматургија, театарска режија и продукција. 

Во Универзалната сала од 21 часот ќе биде изведена претставата „Мртва точка“ на театарот „Тома Карагиу“ од Плоешти, Романија. Режијата е на Раду Африм, а обезбеден е превод на македонски јазик. 

Претставата раскажува приказна за млада жена по име Ника, која стои колебајќи се меѓу парализирачката депресија и потребата да продолжи да живее по смртта на нејзиниот сопруг. Во потрага по излез од нејзиниот загушувачки стеснет свет, таа ја напушта работата во банка и наоѓа утеха во бучната индиферентност на улиците на големиот град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...