Сугарески: Владејачкото мнозинство не сака надзорна расправа за поплавите

Скопје, 27 септември 2016 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески денеска обвини дека владејачкото мнозинство прави се за да не продолжи надзорната комисија за поплавите, чија прва седница се одржа пред 11 дена со цел, како што велат јавноста да не ја дознае вистината. 

- Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака никогаш да се одржи надзорната расправа бидејќи не сака јавноста да ја дознае вистината. Токму затоа губи време обидувајќи се да ја смени досегашната практика за одржување надзорни расправи, во очекување дека ќе помине времето и ќе се распушти Парламентот, па ќе избегнат одговорност, изјави Сугарески во Собранието на РМ.

На новинарско прашање тој рече дека СДСМ стои на ставот дека мора да има избори на 11 декември согласно анекс - договорот од 31 август.

Во врска со неуспешната прва средба на работната група за изборните единици и дали ќе одат на избори доколку ова прашање не се реши, Сугаревски го повтори ставот на СДСМ дека доколку Македонија би била една изборна единица ова прашање не би претставувало проблем. - Стоиме на ставот дека ова прашање мора да биде политички затворено со тоа што еднаквоста на гласот да биде на сите иста и правиме се ова прашање да биде завршено, рече Сугаревски кој очекува работната група за изборните единици да продолжи со работа.

Запрашан за одложувањето на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, тој ја повтори оценката дека е тоа сценарио на владејачкото мнозинство, кое вели не сака воопшто извештајот за работата на Јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски да се разгледува ниту на Комисија ниту на пленарна седница. Тој додава дека, според собранискиот Деловник Извештајот на СЈО може да се разгледува и без присуство на подносителот бидејќи, вели, не е општ акт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...